
Од Сплит во татковината: Гатусо може да му биде тренер на Елмас
Во таква ситуација би можел да профитира Џенаро Гатусо кој по неуспешниот ангажман во Хајдук има опција да се врати во татковината и повторно да работи во Серија А. Интерес за него покажал Торино чиј претседател Урбано Каиро јавно го покажа своето разочарување од сегашниот тренер Паоло Ваноли.
Италијанските медиуми тврдат дека веќе се разгледуваат опциите за негов наследник, а покрај Гатусо, во комбинација се уште Доменико Тедеско и Алберто Џилардино. Ако Гатусо ја добие довербата би можел да му биде тренер на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој во вториот дел од оваа сезона настапуваше како позајмен играч во Торино од Лајпциг. Неговата позајмица официјално истекува на 30 јуни, но постои можност договорот да биде откупен и Елмас да потпише перманентен договор.