Од култниот стадион во Мадрид остана да зјае само уште еден мал дел (ВИДЕО)

Откако Атлетико Мадрид се пресели на својот модерен стадион „Ванда Метрополитано“, поранешниот дом и култниот мадридски „Висенте Калдерон“ замина во историјата, а од него во моментов остана само – еден мал дел.

Останат е само дел од централната ложа, кој засега зјае како симбол дека на тоа место имало фудбалски храм, ама наскоро комплетно ќе биде струшен и тој дел. Атлетико Мадрид минатата година за 180 милиони евра ја продаде парцелата на која беше „Висенте Калдерон“.