Новите трибини во Струмица имаат специјално осветлување (ФОТО)

Стадионот во Струмица, кој летово беше домаќин на сите македонски екипи кои играа(т) во Европа, добива европски шмек - се монтираат нови столчиња, се засилуваат рефлекторите, се монтираат трибини зад головите, а сега заврши и делот за специјално осветлување на трибините. Откако прописно се посрамотија струмичани за европските дуели на македонските екипи, сега решија да поработат на изгледот, па „Младост“ ќе биде цакум - пакум за претстојниот дуел Македонија - Албанија, закажан за 5 септември.