Нови детали: Напаѓачите на Обамејанг биле од Косово!?

Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг беше нападнат во неговиот дом од маскирани крадци, кои успеале да му украдат скапоцени работи, но притоа и да го истепаат со метални шипки, а шпанските медиуми пишуваат дека криминалците ѝ се познати на полицијата.

Четворица крадци со огнено оружје му се заканувале на Обамејанг пред да го истепаат, а притоа му направиле штета над 300.000 евра, додека шпанскиот портал „Ара“ објави дека на полицијата ѝ е познат идентитетот на напаѓачите и тие биле од Косово.

Порталот пишува дека крадците се организирана група од Косово, која оперира со години, но засега нема реакција од страна на полицијата на овие тврдења.