Нова „бомба“ на повидок: Мурињо убедил голема ѕвезда да потпише за Реал Мадрид

Португалскиот тренер Жозе Мурињо треба да биде промовиран како нов тренер на Реал Мадрид доколку Флорентино Перез победи на претседателските избори, а веќе се размислува и за нови засилувања.

Мурињо е свесен за проблемите со кои се соочуваат „кралевите“ во одбраната, па поради тоа го убедил дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони да потпише за шпанскиот гигант откако тој ќе биде назначен за тренер.

„Специјалниот“ лично разговарал со Бастони и му го претставил својот проект за „кралскиот клуб“, по што дефанзивецот бил среќен да се пресели во Мадрид.

Вредноста на Бастони во моментов се проценува на 70 милиони евра, колку што ќе треба да им исплати Реал на „нераѕурите“.

Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica