Нов потпис на „Олд Трафорд“: Уште еден важен фудбалер го продолжи договорот со Јунајтед

Манчестер јунајтед пред неколку дена потпиша нов договор со Давид де Хеа, а денеска објави дека соработката ја продолжиле и со Виктор Линделоф.

Швеѓанецот, кој пристигна на „Олд Трафорд“ во 2017 година, потпиша петгодишен договор, па ќе остане во Манчестер до 2024 година.

Да потсетиме, Линделоф минатата сезона одигра 40 натпревари за Јунајтед и постигна еден гол, а сезонава заигра во пет меча во Премиерлигата.