
Нов малер за Јунајтед: Заврши сезоната за најдобриот стрелец во тимот
Последен во низата е репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Амад Диало за кого медиумите од Англија објавија дека е завршена оваа сезона иако од клубот велат дека ќе отсуствува „неколку недели“.
„Можеме да потврдиме дека Амад доживеал повреда на скочниот зглоб на еден тренинг и се очекува да отсуствува неколку недели“, пишува во соопштението од Јунајтед.
Се ќе биде познато претстојната недела бидејќи тогаш ќе се одлучи дали Диало ќе оди на операција. Ако се случи, тогаш дефинитивно за него е завршена сезоната. Како што е познато, дефанзивецот Лисандро Мартинез исто така е повреден и нема да се врати до крајот на оваа сезона.
Амад Диало последниот месец беше исклучително важен за тимот и во моментов е најдобар стрелец на Јунајтед во Премиер лигата со 6 гола.