Нов кикс на Зидан: Леганес го запре Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид не успеа да слави на незгодното гостување кај Леганес, па освои само бод откако одигра 1-1 во 32. коло од шпанската Ла Лига.

Џонатан Силва го постигна првиот погодок за домаќините во 45. минута од мечот, а Карим Бензема во 51. минута израмни на конечни 1-1.

„Кралевите“ се трети на табелата со 61 освоен бод, додека Леганес е на средината на табелата со 41 бод.