Ништо од сензационалниот трансфер: Гвардиола го блокира заминувањето на Ковачиќ

Пред неколку дена бројни европски медиуми објавија дека Матео Ковачиќ ќе го напушти Манчестер Сити и ќе се пресели во Фенербахче кај Жозе Мурињо затоа што не е прва опција во неговиот сегашен клуб.

Од тоа нема да има ништо бидејќи лично Пеп Гвардиола го блокирал трансферот со уверување дека Ковачиќ ќе има многу позначајна улога претстојната сезона. Зад сето тоа, всушност, стои опасноста дека Кевин де Брујне ќе замине во Саудиска Арабија, поради што Сити би останал без квалитетно решение во средниот ред. Белгиецот уште е во преговори и засега е неизвесно дали ќе остане во редовите на англискиот првак, но до крајот на преодниот рок има уште повеќе од еден месец и Гвардиола не сака да остави ништо на случајот.

За да го разувери Ковачиќ и да му докаже дека сериозно размислува на него, Гвардиола го стави во тимот за вечерашниот меч против Милан во Њујорк и покрај тоа што трофејниот Хрват, заедно со својот сонародник Гвардиол одржаа само еден тренинг по враќањето од летниот одмор.