
Никој не ја активираше откупната клаузула на Дани Олмо, Шпанецот уште се надева на трансфер!
Но, тоа не значи дека Шпанецот ќе остане во Лајпциг. Германскиот клуб има одличен однос со претставниците на Олмо, па клубот би можел да го пушти да си замине за сума која би се движела околу висината на клаузулата која истече.
Клаузулата изнесуваше 60 милиони евра, Лајпциг нема намера да го продаде за сума пониска од тоа.
Манчестер Сити и Барселона се посочуваа како загреани клубови за неговиот потпис.