Неверојатно: Цената на фудбалерите по пандемијата нагло падна!

Факт е дека коронавирусот направи вистински хаос кога е во прашање фудбалот, а тоа се одражи и на цената на фудбалерите. Имено, меѓународната компанија КПМГ спроведе студија за трансферните износи на голем број врвни играчи по влијанието на кризата.

Студијата вклучува играчи кои учествуваат во лиги што ја завршија сезоната, т.е. Белгија, Шкотска и Франција и играчи во лиги кои планираат да продолжат со натпреварите, иако зад затворени врати – Италија, Шпанија, Германија и Англија.

Вредноста за секој поединечен играч опадна за 26.5 отсто на суспендираните првенства и за 17.7% во земјите каде ќе се игра сезоната.

„КМПГ“ ја става ѕвездата на ПСЖ Килијан Мбапе на врвот. Тој се проценува на 177 милиони евра, а пред пандемијата, изнесуваше 225 милиони евра. Цената на Мбапе се очекува да биде уште пониска во летото 2021 година.

Втор е неговиот соиграч Нејмар, кој вреди137 милиони. Пред неколку месеци, чинеше 175 милиони. Трет е Рахим Стерлинг – 129 милиони евра (претходно 150 милиони).

Најдобрите 5 ги комплетира Лионел Меси со 127 милиони (175 милиони) и Мохамед Салах – 124 милиони (155 милиони).

Интересно е што португалската свезда на Јувентус, Кристијано Роналдо не е присутна во студијата.