Несторовски постигна гол за победа на Палермо (ВИДЕО)

Палермо се измачи на домашен терен против Кротоне, но нашиот интернационалец Илија Несторовски му помогна на својот тим да победи со 1-0.

Екипата на нашите интернационалци Александар Трајковски и Несторовски се мачеше цели 86 минути за да го најде патот до мрежата на противниците, но тогаш Илија успеа да постигне гол и да обезбеди три важни бодови.

Инаку, Палермо со оваа победа се наоѓа на петтата позиција со 11 освоени бодови по шест одиграни дуели во италијанската Серија Б.