Нереални бројки: Флик од привремено решение стана најдобар тренер во историјата на Баерн!

Кога го сменија Нико Ковач од тренер на Баерн Минхен, најтрофејниот германски клуб објави дека Ханси Флик е само привремен кормилар додека бараат долгорочно решение, ама актуелниот тренер не само што успеа да ги оправда очекувањата туку со денешната победа се промовираше во – најуспешен тренер во историјата на клубот.

Флик откако го презема Баерн стигна до 22 победи во 25 меча под негово водство, а во германскиот великан ваков ефект не се памети. Флик со тоа е најдобриот тренер од влегувањето на баварската гордост во Бундеслигата во 1965 година.

Баерн со победата под палката на Флик направи нов исчекор кон шампионската титула, па само чудо практично може да ја спречи моќната машинерија за да стигне до нов пехар во германската елита.