Нема повеќе пречки за Баерн, Барнли се согласи да го пушти Компани за 12 милиони евра

По долга потрага, се чини дека Баерн конечно го реши тренерското прашање и на местото на Томас Тухел ќе дојде Венсан Компани.

Белгискиот стручњак веќе ги договори личните услови, но пречка беше отштетата што би ја барал неговиот досегашен тим Барнли. Денеска се тргнати и тие дилеми бидејќи Баерн прифатил да плати 12 милиони евра за да го донесе Компани на својата клупа.

Младиот стручњак договори тригодишна соработка и веројатно до крајот на денов ќе пристигне во Минхен каде наскоро би требало официјално да стави потпис на договорот. Баерн ќе биде трет клуб во неговата тренерска кариера по Андерлехт кој го водеше од 2020 до 2022 и Барнли од 2022 до 2024 година.