Нема намера да го остави фудбалот: На 42 години потпиша за 29-тиот клуб во кариерата!

Легендарниот Себастијан Абреу на 42 години му се врати на фудбалот. Уругваецот почна да тренира со Бостон Ривер, а тоа е негов 29. клуб во кариерата.

Тој од фудбалот се прости пред неколку месеци, кога стана директор на Санта Текла, со која ја освои титулата во Ел Салвадор, но сега повторно ќе ги облече копачките.

Абреу со Бостон потпиша договор на една година со опција да го продолжи на уште неколку месеци. За мечот со Пенарол, кој се игра викендов, тој нема да конкурира, но се надева дека ќе може наскоро да добие право за настап за неговиот тим.

Уругваецот во кариерата настапуваше за многу клубови, меѓу кои и Депортиво Ла Коруња, Ривер плејт, Реал Сосиедад...