Нејмар суспендиран во најлош можен момент за ПСЖ!

Во моментите кога го играат првиот четврфинален меч од Лигата на шампионите (ЛШ) против Баерн во Минхен, во таборот на ПСЖ ја дознаа казната за црвениот картон на Нејмар на неодамнешниот меч од Лига 1 против Лил (0-1).

Бразилецот е суспендиран на два меча и тоа во најлош можен момент за „светците“, пред клучниот дел од битката за шампионската титула, во која неочекувано влегуваат со три бода помалку од ривалот кој неодамна ги победи.

Нејмар двата жолти картони ги доби поради препирки со противничките фудбалери, оставајќи ги соиграчите на цедило, не само на дуелот со Лил туку и на следните два на кои ПСЖ едноставно нема право на кикс. Бразилецот ќе го пропушти гостувањето против Стразбур, како и домашниот дуел со Сент Етјен, а неговиот камбек во францускиот шампионат се очекува на гостувањето во Мец, меч закажан за 24 април.