Нејмар плачеше за жртвите од Барселона (ВИДЕО)

Како и повеќето натпревари во големите европски лиги, натпреварот меѓу ПСЖ и Тулуз почна со минута молчење, поради загинатите во терористичкиот напад во Барселона. Тоа особено го погоди Нејмар.

Бразилецот вечерва го одигра првиот натпревар пред домашната публика на ПСЖ и веднаш се издвои од другите и тоа - со плачење. Во минутата молчење, наменета за жртвите од Барселона, камерата го регистрира како неколку пати си ги брише очите. Очигледно четиригодишниот престој во Барселона си оставил трага и овој град му значи многу.