Нејмар: Нè уништи егото, Мбапе му беше љубоморен на Меси во ПСЖ

Нејмар во големо интервју со легендарниот Ромарио откри детали од неговата кариера, посебно од периодот поминат во ПСЖ каде што соблекувалната ја делеше со Лионел Меси и Килијан Мбапе.

ПСЖ со страшното трио не успеа да ги исполни очекувањата и да се искачи на европскиот врв, а Нејмар откри што ја уништило нивната врска во Париз.

„Егото нè уништи. Добро е да мислиш дека си најдобар, но понекогаш мораш да играш со колегите, не си сам. Фудбалот е таков спорт и мора сите да се потрудат. Кога дојде Меси, Мбапе стана љубоморен и почнаа проблемите“, открива Нејмар.

Нејмар во моментов го носи дресот на Ал-Хилал, но наскоро ќе го напушти тимот од Саудиска Арабија.