„Не сме сигурни колку ќе паузира Барди, ама најважно е дека избегна операција“

Македонската ѕвезда Енис Барди од Леванте беше млерозен да го повреди рбетот на последниот тренинг пред заминувањето во Тбилиси и да го пропушти најважниот меч во кој Македонија обезбеди историски пласман на Европското првенство.

Барди има повреда на грбот, поради која се најавуваше и операција, но тренерот на Леванте, Пако Лопез, откако Барди се врати во Шпанија, засега не знае колку долга ќе биде рехабилитацијата и кога фудбалерот за врска ќе се врати на терените. Барди нема да оди на операција

„Не сум сигурен, а и не знаеме кога со сигурност ќе се врати. Има една малерозна повреда, но му испративме многу пораки како поддршка и од денеска тој го започнува периодот на рехабилитација. Каква еволуција ќе има повредата ќе зависи од многу фактори, но најважно е што избегнавме операција и тоа е многу важно, зашто сега ќе се забрза рехабилитацискиот процес. Но, нема да брзаме, ваков тим на повреда бара опоравување до крај, без брзања, додека не сме сто отсто сигурни“, вели Лопез.

Тренерот на Леванте посочи дека многу се израдувале сите во Леванте што Македонија ќе игра на Европското првенство, а Барди ќе го претставува нивниот тим на континенталниот шампионат.

„Пред него имаше еден прекрасен меч кој требаше да го игра, ама се случи повредата, но ние му честитавме за пласманот на ЕП. Не можеме и ние во Леванте да ви опишеме колку сме среќни што ќе имаме фудбалер на Европското првенство“, додава Лопез.