Навивачите на Реал му се заблагодарија на Интер за триумфот над Барселона (ФОТО)

Денеска пред тренинг-центарот на Реал Мадрид беа поставени различни транспаренти со кои му се искажува благодарност на Интер за победата против Барселона.

Сите се свесни колку е големо ривалството меѓу Реал Мадрид и Барселона, па секој пораз на противничкиот тим мора да се прослави, а така беше и по реваншот во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

По победата на Интер од 4-3, односно вкупно 7-6, на излезот на „Валдебебас“ беа поставени транспаренти со пораки на италијански јазик.

Фото: Facebook/Inter