Димитриевиќ освои бронза на ЕП, за злато не се борел зашто ќе му побегнел авионот!

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација  од 28 април до 05 мај 2025, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Талин, Естонија.На ова Европско првенство учествуваа  околу 1000 натпреварувачи од 30 земји.

Нашата репрезентација учествуваше со десет членови - три официјални лица, од кои едниот е и тренер и официјален претставник, еден тренер, еден меѓународен судија и шест натпреварувачи. Конкуренцијата била преголема , доминирале  големите репрезентации, а покрај тоа доминирала и пристрасноста на судиите која била во корист на големите репрезентации.

Владимир Димитиревиќ еден од нашите најдобри репрезентативци е херојот, кој се закити со бронзен медал во спаринг борби, јуниори 16-17 години, -75 кг, која е една од најтешките категории, но како што велат од федерацијата токму тој бил принуден да се откаже од борбата и за сребро или злато поради закажаниот авионски лет.

„За жал поради авионскиот лет , мораше службено да ја предадеме полуфиналната борба за да стигнеме на аеродром, па моравме да се задоволиме само со бронзен медал , не знаејќи дали Владимир Димитриевиќ ќе беше прв или втор во неговата категорија. Ова е негов прв медал до Европско првенство што значи неговиот квалитет оди во нагорна лиинија, и се надеваме дека ќе не радува со уште поголеми успеси во иднина“, соопштија од федерацијата.            

Причина за ваквата ситуација биле одложените први борби на турнирот, па на крајот турнирот не завршил во планираниот рок.

На првенството Македонија беше претставувана и од уште пет борци во машка и женска конкуренција.

 Давид Крстески кој еден од нашите најдобри натпреварувачи, во спаринг борби, јуниори 16-17 год.  – 63 кг. Во неговата категорија ги победи атрактивно претставниците на  на Англија и Бугарија, но во четвртфиналната борба  против противникот на Украина беше поразен од страна на судиите а иста судбина ја имаше и Христијана Парулеска претходно победувајќи ја претставничката на  Германија, но во четврфинале  исто како и Давид беше поразена  од судиите во корист на Украина. Со нив и Миа Танеска , нашата дебитантка ја  имаше истата судбина против Украина.

Марио Крстески имаше извонредна прва рунда против поранешен Евроспки Шампион, но поради повреда во втората рунда , не можеше да продолжи со натпреварување. Божидар Димитриевиќ во сениори  во категорија -92 кг, имаше одлични борби против натпреварувачите од Грција и Бугарија, додека против неколкукратниот светски и Европски шампион од Украина, Дмитро Пилинкевич, беше немоќен, со што како  релативно млад во сенироската категорија,  покажа дека е оправдано неговото место во репрезентацијата на М.Т.Т.Ф.