
Тројката на Шошкиќ која уште долго ќе ги прогонува сите во Пелистер (ВИДЕО)
Андреј Шошкиќ уште долго ќе им биде кошмар на сите во Пелистер бидејќи вечерва им ја заврши сезоната која ја почнаа со големи амбиции. Битолскиот тим беше блиску до пресврт, од 0-2 дојде до 2-2, вечерва имаше -16 и успеа да ги стопи, но немаше одговор за Шошкиќ.
Младинскиот репрезентативец, кој ја игра последната сезона во Работнички, пресуди во последната секунда и си го продолжи престојот во матичниот клуб.