Словенија и со трет состав ни заврши работа: Македонија останува во игра за ЕП!

Ракометната репрезентација на Словенија  и со ддрастично ослабен состав успеа да слави над Литванија со 31-28 и на тој начин да ја остави Македонија во игра за второто место кое обезбедува пласман на Европското првенство. 

За Македонија да заврши на второто место потребно е да славиме против Естонија, но и против Литванија со најмалку три гола разлика. Словенија е сигурна на врвот со 10, Литванија има шест на второто место, додека Македонија е на трета со два и утре го игра натпреварот со Естонија која е последна без бодови.

Во денешниот натпревар кај Словенија најефикасни беа Цокан и Мливиќ со по шест погодоци, а голманот Вујовиќ беше клучен фактор со 12 интервенции. Кај Литванците се истакнаа Думчиус и Малашинскас, исто така со по шест гола.

Македонија својот натпревар го игра утре во терминот од 18:00 часот, додека против Литванија играме на домашен терен во истиот термин в недела.

Фото: Rokometna zveza Slovenije / Handball Federation of Slovenia/FB