Ди Марцио најавува пресврт: Де Брујн може да заврши во Ливерпул!

Eден од најпознатите италијански новинари кога е трансфер пазарот во прашање, Џанлука Ди Марцио тври дека Кевин Де Брујн би можел да остане во Премиер лигата. 

Иако ѕвездата на Манчестер сити има атрактивни понуди од Блискиот Исток и САД, Ди Марцио наведува дека белгискиот плејмејкер има и две „жешки“ понуди од Европа. Едната наводно е од Наполи, а втората привликува повеќе внимение бидејќи доаѓа од еден од најголемите ривали на „граѓаните“, Ливерпул!

Во веста во која го споменува Наполи, Ди Марцио се фокусира на Наполи и тврди дека италијанскиот клуб ќе се обиде да го искористи неговото пријателство со Ромелу Лукаку,

„Наполи сериозно се обидува да го доведе Де Брујн. Белгиецот сака да остане во Европа, има понуда и од Ливерпул, но Наполи смета на неговото пријателство со Ромелу Лукаку. Овој потег јасно ја покажува амбицијата на претседателот Аурелио Де Лаурентис.“

Ова доаѓа во сезона кога Наполи е на чекор до освојување на својата нова шампионска титула во Серија А, делумно благодарение на одличниот потег со доведување на Скот Мектоминеј од редовите на Манчестер јунајтед во текот на летото. 

Фановите на социјалните мрежи веднаш по оваа објава на Ди Марцио потсетија и дека Белгиецот како дете бил фан на гигантот од „Енфилд“, но од друга страна Наполи му нуди проект во кој веројатно тој би бил главна фигура.

Фото: Manchester City/FB