
Финале какво што ќе гледаме во Минхен во ЛШ немало 21 година
Францускиот гигант предводен од тренерот Луис Енрике славеше со минимални 1:0 на првиот натпревар во Лондон за потоа на домашен терен и да потврди дека заслужено оди во финалето со нов триумф.
Финалето ќе се одигра на 31 мај во Минхен, а противник на гигантот од Париз ќе биде Интер, кој во полуфиналето ја елиминираше Барселона.
Интересно е што за првпат од сезоната 2003/04, финалето во најелитното европско натпреваруваање ќе помине без претставник од англиската Премиер лига, шпанската Примера и германската Бундеслига. Тимовите од овие лиги, кои со години важат за фаворити и носители на елитниот европски фудбал, беа елиминирани уште пред завршната фаза.
Последен пат кога финалето немаше претставник од овие три првенство беше во сезоната 2003/04, кога за трофејот се бореа Порто и Монако.
Фото: FC Bayern München/X