
Интер ќе го враќа Донарума во Милано!
Јан Зомер брани фантастично, но во декември ќе наполни 37 години, па Интер мисли на иднината за голманската позиција.
Нивниот прв пик е Џиџо Донарума, нероазурите имаат план како да го ангажираат, но се ќе зависи од голманот.
Донарума уште не го продолжил договорот со ПСЖ, тој му истекува во јуни 2026 година.
Интер сака да му понуди годишна плата од 9 милиони евра плус бонуси за да се пресели кај нив откако ќе му истече договорот.
Идеалното сценарио за Интер е да им брани Зомер и наредната сезона, а потоа да пристигне Донарума како слободен играч.
Во меѓувреме се очекува ПСЖ да го притисне Донарума за потпишување на нов договор со подобрена понуда.