„Камп Ноу“ не памети поголема мајсторија: Луис Суарез со петица го матираше голманот на Мајорка! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона по само 45 минути го решија прашањето околу победникот на дуелот против Мајорка. 

Домаќините водат со 4-1 по првото полувреме, а во листата на стрелци се запишаа Гризман, Меси (два пати) и Луис Суарез. Иако сите голови за Барселона кои паднаа во првиот дел беа кој ок кој поубав, но мајсторијата на Луис Суарез е навистина феноменална. Уругваесот доби одлична топка од Френки де Јонг во шеснаесетникот, а овој со петица успеа да го матира Маноло Реина.