Навивачи ги нападнаа ѕвездите на Реал: Срам да ви е! (ВИДЕО)

Реал Мадрид има лоша сезона, а напнатоста кулминира по ремито (1-1) со Бетис, кога дел од навивачите збеснаа и ги навредуваа фудбалерите на шпанскиот гигант при излегување од стадионот.

Камерите на „Ел Чирингито“ го снимија моментот кога навивачите вербално ги нападнаа ѕвездите на „кралскиот клуб“.

„Срам да ви е, покажете се“, викаа навивачите по фудбалерите.

„Кралевите“ беа на чекор до победа во Севилја, но го испуштија триумфот во 93. минута.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.