ФИФА очекува приход од 11 милијарди долари од продажба на билети за СП 2026

Светското првенство (СП) оваа година ќе биде најголемиот, но најверојатно и најпрофитабилниот турнир во историјата на фудбалот. Светската фудбалска федерација (ФИФА) очекува приходите од продажба на билети да достигнат неверојатни 11 милијарди долари.

Проширениот формат на натпреварувањето, на кое ќе настапат 48 репрезентации, носи поголем број на натпревари, но и големиот капацитет на стадионите ќе донесе повеќе навивачи на трибините, а со тоа и поголема заработка.

Мундијалот ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во период од 11 јуни до 19 јули оваа година.

Фото: FIFA