Наполи пак ќе пазари на Олд Трафорд: Трет фудбалер на Јунајтед пред трансфер на „Марадона“
Газета дело спорт тврди дека на радарот на Конте сега е 20-годишниот Коби Мејну кој е незадоволен од својот статус на Олд Трафорд и се надева дека ќе може да издејствува заминување. Сезонава тој одигра само седум натпревар за Јунајтед, но на шест од нив влезе како резерва и има по три, пет, 13, 20... минути. Цел натпревар одигра само против Гримсби во август, во Лига купот на Англија.
Поранешните играчи на Манчестер Јунајтед играат како препородени во Наполи. Мектоминеј минатата сезона беше прогласен за МВП на сезоната во Серија А, а Хојлунд кој дојде летово, веќе постигна четири гола на седум настапи во сите натпреварувања.