Реал Мадрид подготвува историска тужба против УЕФА вредна – 4,5 милијарди долари!
Станува збор за побарување што опфаќа изгубена добивка, репутациска штета и вкупни финансиски загуби, кои настанале поради вишегодишното спречување на проектот за Суперлига. По повеќе од десет неуспешни состаноци со челниците на УЕФА, Реал и „A22“ решиле да тргнат по правен пат, обвинувајќи ја организацијата дека не ја почитувала пресудата на Судот на Европската унија од декември 2021 година. Тогаш, судот оцени дека правилата на ФИФА и УЕФА за задолжително претходно одобрување на клупски натпревари, како што е Суперлигата, се спротивни на европското право и претставуваат злоупотреба на доминантна позиција.
Реал и A22 сега се решени да покренат тужба за монополистичко однесување, уверени дека УЕФА „само купувала време“ за да го спречи стартот на Суперлигата. Како можен правен преседан, нивните адвокати го наведуваат примерот на Европскиот суд кој неодамна ја потврди казната од 2,42 милијарди евра за Гугл, поради фаворизирање на сопствената услуга Гугл шопинг во однос на конкуренцијата – процес што траел повеќе од шест години.