Наполи до победа во 91-та минута: Милик не дозволи трката за титулата да биде готова (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Јувентус остана на осум бода предност во однос на првиот ривал Наполи и тоа само благодарение на полската ѕвезда Аркадиуш Милик, кој даде гол во 91-та минута од мечот за да не дозволи битката за титулата пред полаусезоната практично да биде решена.

Наполи долго време се мачеше на Сардинија, па со ремити кое беше во игра до финишот од мечот, можеше да заостане десет бода зад Јувентус, што е премногу за италијанската Серија А, особено во лига во која „старата дама“ е неприкосновена. Но, Милик ја остави колку-толку трката отворена, иако наполитанците и вака имаат сериозно заостаток.

Јувентус вчера победи со 1-0 против Торино за да ја запише 15-та победа во 16-от меч, а Наполи го очекува неверојатно тешка задача да му се приближи на неприкосновениот Јуве,чиј единствен кикс е ремито со Џенова.

Јувентус е лидер со 46 бода, Наполи има 38, а Интер е трет со 32. Милан е четврти со 26, пред Лацио со 25, Сасуоло со 24, а Рома со 21 бод и вечерашниот меч со Џенова е дури 11-та.