Наполи бара транскрипти од разговорите на судиите со ВАР – се сомнева дека Јуве пак „мати“

Италијански Наполи, каде игра македонскиот дијамант Елиф Елмас побара службени транскрипти од разговорите на главниот судија со ВАР, сомневајќи се дека повторно најтрофејниот Јувентус „мати“ со арбитражата и покрај видео-технологијата за подобрување на одлуките на мечевите во Калчото.

Наполи викендов првпат загуби бодови, откако во Рим против Рома и Жозе Мурињо одиграа реми 0-0, но наполитанците може да жалат што не ги искористија шансите, зашто Виктор Осимен имаше дирек и пречка во текот на мечот. Од друга страна, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, збеснал на одлуката Јувентус да добие пенал на „дерби Д'Италија“ со Интер во Милано, по што „старата дама“ извади бод со ремито 1-1.

„Кориере дело Спорт“ објави дека Наполи е незадоволен од судењето и смета дека постои конекција на Јувентус со ВАР, па затоа Де Лаурентис веќе се консултирал со адвокати, по што побарал од Серија А да му бидат доставени службените транскрипти од разговорите на судиите со ВАР-собата.

Според Де Лаурентис, спорна е арбитражата на мечевите на Јувентус со Рома и ова дерби со Интер, а повод било недосудување на пенал на дербито каде играл Јувентус со ситуација за која претходно бил свирнат пенал.

Наполитанците уште отсега бараат да се осигура еднаквост во арбитражата, посочувајќи дека во 2018 година, Наполи во финишот ја загуби титулата и тоа откако во клучниот меч на Јувентус и победата со Фиорентина, судиите пропуштиле да го исклучат Миралем Пјаниќ и така ѝ помогнале на „старата дама“.