Нант со минимален триумф се приклучи во борбата за топ-3 во Лига 1 (ВИДЕО)

Нант успеа да слави со минимални 1-0 против Ним во мечот од 18. коло од француската Лига 1, а македонскиот фудбалер Влатко Стојановски доби минутажа во поразениот тим.

Гостинскиот тим го постигна победничкиот гол во 28. минута преку Лоуза, а Ним доминираше во вториот дел и беше блиску до погодок, но не успеа да освои барем бод.

Нант по 18 одиграни кола има 29 бодови, односно два помалку од третопласираниот Лил, додека Ним тоне во опасната зона и сега е претпоследен со 12 бодови.

Останати резултати:

Амиен – Дижон 1-1
Анже – Монако 0-0
Брест – Ница 0-0
Тулуз – Ремс 0-1