Најталентираниот албански фудбалер потпиша за Интер

Кристијан Аслани од Емполи направи трансфер во редовите на Интер. Албанецот доаѓа на едногодишна позајмица на „Џузепе Меаца“ со задолжителен откуп слетното лето. 

Комплетниот трансфер на Аслани ќе ги чини „нераѕурите“ 14 милиони евра, бидејќи позајмицата е четири милиони, а 10 милиони е откупната клаузула. 

Се работи за 20-годишен фудбалер од средниот ред, кој лани во Серија А одигра 23 натпревари и постигна еден гол. Тој потекнува од младинската академија на Емполи.

Аслани е всушност вториот Албанец во историјата што ќе го носи дресот на Интер по Реј Манај.