Најскапиот меч им припадна „светците“: Саутемптон се врати во Премиер лигата, Лидс извиси (ВИДЕО)

По една сезона во втора лига, екипата на Саутемптон се врати во Премиер лигата откако денеска го победи Лидс со 1-0 во финалето од баражот во Чемпионшип.

Пред повеќе од 80 илјади навивачи на Вембли, голот за триумф го постигна Адам Армстронг во 24. минута. Така, Саутемптон им се придружи на Лестер и Ипсвич кои преку лигашкиот дел обезбеди пласман во англиската фудбалска елита.

Дуелот на Вембли е најскап во клупскиот фудбал во светоот бидејќи покрај пласманот во Премиер лигата, победникот добива и бонус од 200 милиони евра.