Најдобрата фудбалска школа во Европа е на - Ајакс! (ФОТО)

Славната школа на еден од најголемите европски великани Ајакс е убедливо најдобра во Европа, откри истражувањето на фудбалската опсерваторија ЦИЕС, зашто гигантот од Амстердам има дури 81 активен фудбалер во 31 фудбалски шампионат на Стариот континент.

Од школата на Ајакс излегоа низ децениите еден куп големи фудбалски ѕвезди, а Ајакс и во оваа „модерна ера“ покажува дека е број еден кога се работи за производство и извоз на фудбалери во најсилните натпреварувања во Европа, па практично на амстердамскиот гигант кој е четирикратен европски првак во моментов му нема рамен.

Зад Ајакс, втора најдобра школа има украински Шахтер со 75 извезени фудбалери, а трет е лисабонски Спортинг со 70 фудбалери, меѓу кои е и една од најголемите ѕвезди на денешницата Кристијано Роналдо, актуелниот фудбалер на Манчестер јунајтед, како и загрепски Динамо, кој е број еден и по заработка и по производство на фудбалери на Балканот, како и вториот украински гигант Динамо Киев.

Во топ десет се и двата белградски гиганти, Партизан со 69 извезени фудбалери во најсилните лиги, додека Ц. Звезда е деветта со 56 играчи во најзначајните првенства на Стариот континент. Во оваа најдобра десетка се уште и Реал Мадрид, Бенфика, Спарта Прага, Барселона и лондонски Арсенал.

Очекувано македонски клуб нема никаде, ни приближно до најголемите европски фабрики за таленти, а само спорадично како случајот со Елиф Елмас излегува бисер кој потоа игра во најсилните фудбалски лиги во Европа. Од регионов, на листата има по уште еден хрватски и српски клуб, сплитски Хајдук и новосадска Војводина.