
Најбогатиот шеик го купи Њукасл, па сега тргнува да инвестира во – Полска
Според последните информации од Полска и новинарот на „Газета Вроцлавска“, Пјотр Јанаш, Саудијците му фрлиле око на Сласк, кој е следен за купување. Ова и не е изненадувачки, зашто „Сити груп“ од Абу Даби, зад кој стои шеикот Менсур, веќе има дузина клубови под своја капа како „филјали“ на Манчестер сити.
„Слушнав за потенцијално купување на Сласк од инвеститори од Блискиот Исток. Станува збор за фондот кој неодамна го купи Њукасл. Дури и ова ако е вистина, оваа тајна е многу чувана зашто за неа засега во Вроцлав ниту некој сака да говори, ниту сака да чуе“, објавил Јанаш.
ПИФ е државен фонд на Саудиска Арабија, кој се проценува дека има имот во вредност од 600 милијарди долари. Иналу Сласк е општински клуб, зад кој стои општина Вроцлав. Бин Салман, пак, е најбогатиот шеик со проценето богатство на 360 милијарди долари.