Стојчевски останува во Чешка: Словачко го откупи од Жилина

Поранешниот младински репрезентативец Андреј Стојчевски ќе остане во редовите на Словачко од Чешка, откако екипата реши да го откупи неговиот договор од Жилина.

Стојчевски пристигна во екипата од Чешка на почетокот на годината на шестмесечна позајмица, а Словачко реши да го задржи и да потпише договор до 2028 година.

Македонскиот интернационалец минатата сезона настапи на 13 натпревари за Словачко, а претходно во кариерата играше и за Брера Струмица и Вардар.