
Над 70.000 луѓе потпишаа петиција за Баерн да не продаде една од ѕвездите!
На листата за заминување од Минхен е и дефанзивецот Матијас Де Лихт, кој во изминатите денови постигна договор за личните услови со Манчестер јунајтед.
Навивачите на бундеслигашот, сепак, не се среќни поради овој потег на Баерн и над 70.000 луѓе потпишаа петиција за клубот да не го продаде Де Лихт.
Баерн го купи Де Лихт во 2022 година од Јувентус за 67 милиони евра, а сега се шпекулира дека сака да го продаде за „само“ 50 милиони евра.