
На Тер Штеген најважни му се парите, не мрда од Барса ако не биде целосно исплатен!
Тер Штеген не само што нема да биде прв голман на Барселона, туку голема е веројатноста за него да нема место ниту на клупата за резерви, но германскиот голман не е многу загрижен за тоа.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Тер Штеген е подготвен да седи во клубот, да не брани, но да добива плата додека му трае договорот.
Тој нема да го раскине договорот на своја штета, би заминал само ако Барселона му го раскине договорот, но притоа да му ја исплати целата плата.
Платата на Тер Штеген во Барселона е висока, па досега не се најде клуб кој сака да го ангажира и да му ги понуди истите примања.