
Ѓоковиќ: Играм само за да освојувам гренслемови - АТП листата не ме интересира!
Тој истакна дека иако неговата форма варира во текот на сезоната, токму на најголемите турнири го прикажува најдобриот тенис.
„Не бркам позиција на листата, мој фокус се гренслем-турнирите. Во Мелбурн и Париз стигнав до полуфинале, што ми даде самодоверба. Вимблдон е местото каде што имам најголеми шанси и со нетрпение го очекувам стартот“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата во Лондон.
Ѓоковиќ ќе се обиде да го освои својот осми Вимблдон и со тоа да се изедначи со рекордот на Роџер Федерер. Турнирот започнува на 30 јуни, а Србинот ќе брка историска 25. грен-слем титула.
„Не знам дали е ова мое последно појавување во Лондон. Не можам да кажам ни за еден гренслем дали ќе биде последен. Ако сум здрав физички и мотивиран психички, ќе продолжам. Но, на овие години, сè е неизвесно“, дополни Србинот.
Српскиот ас откри и дека неодамнешниот одмор во Грција не значи преселба, како што се шпекулираше, туку бил приватна посета поврзана со активностите на неговата фондација. Тој прокоментира и за тренерските промени кај Јаник Синер, со изненадување поради раскинот на соработката меѓу Италијанецот и неговиот стручен тим.
„Понекогаш е работа на лични причини или различни визии. Најважно е да имате емоционално стабилно опкружување – кај мене тоа е случај долги години“, коментира популарниот Ноле.
Вимблдон за Ѓоковиќ е повеќе од турнир.
„Овој терен ми е посебен. Шест финалиња на последните шест изданија – тука сум најконстантен. Секогаш сум инспириран да играм најдобро токму на ова место“, заврши најтрофејниот тенисер.
Неофицијалното светско првенство почнува на 30. јуни, а Ѓоковиќ првиот меч ќе го одигра во вторник против Французинот Александре Милер, кој е 14-ти тенисер во светот.
ФОТО: EPA PHOTO