
Милан го преплати Вокер: Речиси 6 милиони евра за никаков придонес
Место тоа, не излезе ништо, а „росонерите“ за него потрошија прилично голема сума во споредба со ефектот што го имаше на теренот. За четири месеци, колку што беше негов член, Милан потроши вкупно 5,7 милиони евра од кои еден милион отштета за Сити и 4,7 како бруто плата за фудбалерот.
За играч од негов калибар, тоа можеби и не е голема сума, но само ако не се знае дека Вокер одигра 16 натпревари со вкупно 1.046 минути и на нив ниту постигна, ниту асистираше за некој гол. За тој период Милан не освои ниеден трофеј и не успеа да обезбеди пласман во европските купови за претстојната сезона.