Норис убедливо до пол-позиција во Австрија – Ферари изненади, Ферстапен потфрли!

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартнува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда во Австрија, откако доминираше како можеби никогаш во денешните квалификации.

Британецот ја оддува конкуренцијата и имаше за речиси шест десетинки подобро време од Шарк Леклер (Ферари), кој ќе стартува веднаш до него, додека третата позиција е за вториот возан на Мекларен, Оскар Пјастри. Светскиот шампион, Макс Ферстапен, имаше квалификациски кошмар со оглед што дојде до само седмата позиција, откако му беше прекратен последниот обид за (по)добро време поради жолто знаменце на една од кривините. Јунак на денот беше возачот на Заубер, Габриел Бартолето, кој дојде до, за него, фантастичната осма стартна позиција и тоа во првата трка во која дојде до третата квалификациска рунда. Сличен успех имаше и Лијам Лосон во болидот на Рејсинг булс, кој заврши како шести.

Вториот возач на Ферари, Луис Хамилтон, утрешната трка ќе ја почне од четвртата позиција, додека петти е Џорџ Расел со Мерцедес. Неговиот клупски колега, Кими Антонели, ќе стартува како девети, додека првата „десетка“ ја комплетира Пјер Гасли, бозачот на Алпин.