Први искри во соблекувалната на Реал: Гарсија блесна и изнервира двајца соиграчи

Реал Мадрид обезбеди пласман во осминафиналето од Светското првенство и тоа без Килијан Мбапе кој се соочи со здравствени проблеми уште пред почетокот на турнирот.

Неговото отсуство му даде шанса на младиот Гонзало Гарсија и тој максимално ја искористи, постигнувајќи два гола во групната фаза. Чаби Алонсо сега смета на него како еден од главните играчи во нападот, но неговата неочекувана „појава“ изнервира двајца други напаѓачи во тимот.

Станува збор за бразилските репрезентативци Родриго и Ендрик кои очекуваа дека ќе имаат поважна улога на Светското клупско првенство. Тоа, како што објави Марка, довело до искри во соблекувалната каде особено емотивен бил Ендрик кој јавно и бурно го истакнал своето незадоволство.

Родриго бил нешто поблаг, но и тој јавно протестирал поради малата минутажа и фактот што само против Ал Хилал беше дел од стартната постава. Чаби Алонсо се обидел да ја смири тензијата со тоа што порачал дека двајцата ќе имаат можност да се докажат во текот на подготовките.