
Вардар доживеа дебакл на четвртиот тест во Словенија
„Црвено-црните“ загубија со 0-5 од актуелниот словенечки вицешампион Марибор во меч кој место 90, се играше 120 минути (2х60). Нашиот тим добро парираше во првото полувреме, но во продолжение Марибор покажа дека во моментов е поквалитетен тим.
Блескаше габонскиот напаѓач Орфе Мбина кој постигна хет-трик во второто полувреме. Особено за одбележување беа првите два гола, кој од кој поубав, а погоди во 65., 84. и 103. минута. Во 114. минута Репас го искористи пеналот досуден во корист на Марибор, а конечниот резултат го постави Комароми во судиското продолжение. Во финишот Вардар имаше шанса барем за почесен гол, но не ја искористи.
На подготовките во Словенија, Вардар ги побди Будуќност и Рапид Букурешт, а загуби од Олимпија и Марибор. Планиран е уште еден меч, против Напредак Крушеваац кој треба да се игра на 2 јули.