Најдобрата македонска пливачка подобри државен рекорд на 50 метри пеперутка!

Најдобрата македонска пливачка во моментов, Миа Блажевска Еминова, постави нов апсолутен државен рекорд во дисциплината 50 метри со пеперутка стил и тоа на Европското првенство за пливачи до 23 години што се одржува во Шаморин (Словачка).

Таа патеката ја исплива за 28,42 секунди, со што го подобри својот претходен најдобар резултат (28,56 секунди).

Блажевска Еминова (19 години) настапи уште во две дисциплини во Шаморин и тоа во дисциплината 100 метри со време од 57,94 секунди и пласман на 28 место од 34 пливачкикако и во дисциплината 50 грбно со време од 30,64 секунди.