Ако Лајпциг не најде купувач за Елмас, може да го врати во Торино!

Елиф Елмас одигра одлична полусезона на позајмица во Торино, но италијанскиот клуб не може да си дозволи целосно да го откупи македонскиот фудбалер, па тој се врати во Лајпциг.

Се верува дека Лајпциг нема да смета на Елмас за новата сезона, а ниту македонскиот фудбалер сака да продолжи во Бундеслигата.

Цената која ја одреди Лајпциг за продажба на Елмас изнесува 17 милиони евра, тоа е превисоко за Торино кој се одлучија да не го откупат нашиот фудбалер и покрај тоа што тој ги освои срцата на фановите.

Сепак медиумите поврзани со клубот од Торино сметаат дека уште постои шанса Елмас да им се врати во клубот, а ако таа се оствари, тоа ќе биде во втората половина од летниот преоден рок.

Имено, Лајпциг бара купувач за Елмас, доколку не го пронајде, Торино ќе се обиде да го добие фудбалерот на нова, овојпат едногодишна позајмица.

Се верува дека Елмас со две раце би прифатил да се врати во Торино каде покажа одлични игри, го доби посакуваниот континуитет и ги освои фановите.