
Новиот Болт го истрча шестото најдобро време во историјата на 100 метри!
Тој месецов веќе имаше истрчано личен рекорд од 9,77, кој сега го подобри за уште две стотинки. Настапот на Томпсон беше дел од квалификациите за Светското првенство во атлетика, што ќе се одржи од 13 до 21 септември во Токио. Освен новиот личен рекорд, атлетичарот од јамајка победи и во финалето, оставајќи го зад себе Облик Севил, кој заврши со 9.83 секунди – второ најбрзо време на светско ниво во 2025 година. Пред Томпсон на историската листа на „стотка“ се наоѓаат само Џастин Гетлин (9.74), Асафа Пауел (9.72), Јохан Блејк (9.69), Тајсон Геј (9.69) и светскиот рекордер Јусеин Болт (9.58), кој беше присутен на трибините во Кингстон.
На истото натпреварување, легендарната Шели-Ен Фрејзер-Прајс (38) заврши третопласирана во женската трка на 100 метри, со време од 10.91 секунди и обезбеди настап на своето деветто Светско првенство. Победничка на трката беше Тина Клејтон со 10.81 секунди, а втора заврши светската шампионка од 2022 година, Шерика Џексон, со 10.88. Фрејзер-Прајс првпат освои медал на Светско првенство во 2007 година во Осака (сребро во штафета 4×100 м), а досега има освоено вкупно десет златни светски титули, од кои пет на 100 метри.
ФОТО: EPA PHOTO