На местото на Ѓокереш, Спортинг го донесе – Луис Суарез

Сагата околу шведскиот репрезентативец Виктор Ѓокереш заврши пред крајот на минатата недела и тој е нов играч на Арсенал каде замина за 55 милиони евра, плус бонуси.

Спортинг мораше брзо да реагира и да ангажира негова замена, а изборот падна на напаѓачот со славно име и презиме, но не толку славна кариера – Луис Суарез. Колумбиецот доаѓа од Алмерија за 22 милиона евра, а претходно има играно за Марсеј, Гранада, Сарагоса, Ватфорд итн. Суарез ќе има тешка задача да го замени Ѓокереш кој минатата сезона имаше најмногу голови од сите фудбалери во европскиот фудбал.

Колумбискиот фудбалер зад себе ја има најефикасната сезона во кариерата, постигна 31 гол на 43 натпревари, но во шпанската Втора лига што секако не е квалитет како португалското првенство. Освен тоа, ќе има можност да настапува во Лигата на шампионите што ќе биде негово ново искуство во кариерата.